Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со воведување здрава храна, Мекдоналдс ќе се спасува од кризата

Со воведување здрава храна, Мекдоналдс ќе се спасува од кризата
Американскиот ланец на ресторани за брза храна Мекдоналдс, инаку популарен во целиот свет, веќе неколку месеци бележи загуби. Лидерите на компанијата затоа одлучија да воведат иновации во менито за да ги примамат и да ги поттикнат здравите навики во исхраната. Ниту ниските цени со кои беше познат најголемиот производител на брза храна во светот, не донесоа профит. „Според статистичките податоци, 55 отсто од нашите клиенти има пониски приходи, и ние со значителните попусти производи се обидовме да го зголемиме бројот на корисници, но и тоа не беше доволно", вели заменик- претседателот на „Техномик консалтинг", Дејвид Хенкс. Новиот начин на живот и навики на просечниот потрошувач , дури и во исхраната, го принудија Мекдоналдс да воведе коренити промени во бизнис стратегијата. Подготовката на здрава храна бара повеќе време. „Иновациите во исхраната сигурно може да го забават процесот на подготовка на оброци, па мораме да бидеме внимателни да се задржи храната од варен зеленчук, брзо подготвена, но и да не да биде поскапа од хамбургер", вели Хенкс. Мекдоналдс најави продажба на свое кафе во супермаркетите, со цел да го зголеми профитот и да го оправда мотото „Тоа е она што сакам.“
Слично

Поврзани вести