Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со сок од портокал ги лажирале брзите ковид тестови

Со сок од портокал ги лажирале брзите ковид тестови

За да добијат отсуство од настава, ученици во Британија нашле начин како да ги лажираат брзите ковид тестови.

Британските ученици употребуваат сок од портокал за да го лажираат брзиот ковид-тест. 

Како што пишува „Гардијан“, најверојатно киселоста на овој освежителен пијалак, влијае на резултатот на тестот. Ефектот, наводно, е виден и со голем број други намирници и пијалоци, вклучувајќи кечап и „Кока-кола“. Ова, според некои наставници, учениците го користат како одлична можност да добијат две недели ослободување од училиште. Џон Дикс, професор на Универзитетот во Бирмингем, ја критикува оваа нова практика.

„Лажно-позитивниот тест влијае не само врз детето, туку и врз неговото семејство и училишната средина и затоа е себично да се направи тоа. Постојат многу помалку штетни начини за да се отсуствува од училиште“, вели тој.

Трикот беше прикажан и на социјалната мрежа Тик-Ток. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести