Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со скоро 600 милиони долари САД ќе се бори против Зика

Со скоро 600 милиони долари САД ќе се бори против Зика

Со речиси  600 милиони долари САД се вклучува во борба против вирусот Зика.

Парите на федералната Влада на САД, кои не беа потрошени во кампањата против вирусот ебола, ќе бидат вложени за борба со вирусот Зика, соопшти синоќа американската администрација.

Поголемиот дел од тие 589 милиони долари ќе бидат доставени до Центарот за превенција и контрола на болести, за истражување на вирусот и аномалиите кај бебињата кои се јавуваат од Зика. Дел од парите ќе бидат наменети за формирање тимови за реагирање, кои ќе имаат задача да го ограничат ширењето на вирусот.

Националниот здравствен институт ќе продолжи да работи на производство на вакцина, а американската Агенција за меѓународен развој ќе ги концентрира напорите во борбата против вирусот надвор од САД.

Претседателот Барак Обама побара 1,9 милијарди долари за борба против вирусот Зика, но Конгресот, во кој мнозинство имаат републиканците,  уште не го одобрил неговото барање.

Засега дека има 672 случаи на заразени со вирусот Зика на американска територија во Порто Рико и во САД.

Слично

Поврзани вести