СО ШТО СÉ СЕ НАГРАДУВААТ ВАКЦИНИРАНИТЕ: Некаде милионски лотарии, стипендии за престижни универзитети, билети за концерти, а некаде и печен вол
За да ги
мотивираат граѓаните масовно да се вакцинираат, државите изнаоѓаат начини како
да ги привлечат со што во САД, на пример
вакцинираните добиваат јоинт, во Србија ручек и кеш, а во Хрватска, односно во
Сплит конкретно, билети за во театар. Во Америка, вакцинираните можат да
добијат разни други награди, од бесплатно пиво, крофни, билети за јавен превоз.
Калифорнија им нуди на вакцинираните шанса да освојат 1,5 милиони долари на лотарија,
ваучер за мобилен телефон за секој што е вакциниран со двете дози.
Градот Њујорк, за вакцинираните и дели бесплатни билети за траектот кој вози до Статуата на Слобода, полугодишна претплата во метрото, годишна претплата во театар или ваучери од 25 долари за јавни пазари, Исто така, 50 малолетни лица кои ќе се вакцинираат до 7 јули ќе добијат четиригодишна стипендија на јавен универзитет во државата Њујорк.
Властите и во регионов ги мотивираат граѓаните да ја примат вакцината. Во трговскиот центар Ушче во Белград, луѓето чекаа во ред за вакцинирање, за да добијат ваучер вреден 3.000 динари, а првите 100 вакцинирани добија пакет подароци од продавницата за електроника.
И сопственикот на гостилницата „Библиотека“ во Крагуевац, Ставро Рашковиќ, исто така, организирал вакцинирање во неговиот објект, со што вакцинираните биле угостени со печени волови. Исто така, претседателот Александар Вучиќ деновиве објави дека сите граѓани на возраст над 16 години кои биле вакцинирани или ќе бидат вакцинирани до 30 мај, ќе добијат од државата еднократна парична помош од 3.000 динари во готово, за што мора да аплицираат од 1 до 15 јуни. Навистина, во првите три дена по ова ветување, речиси 50 000 Срби беа вакцинирани.
Во Хрватска, пак, односно жителите на Загорје кои ќе се вакцинираат ќе добијат бесплатно пливање во една од загорските бањи, додека во Сплит, оние кои ги примија двете дози на вакцината, ќе можат бесплатно да одат на француското шоу во Хрватскиот народен театар на 23.јуни.
