Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ШТО ЌЕ ВОЗВРАЌА УКРАИНА: Објавено какво оружје добила од европските земји, некои донираат прв пат во историјата

СО ШТО ЌЕ ВОЗВРАЌА УКРАИНА: Објавено какво оружје добила од европските земји, некои донираат прв пат во историјата

Амбасадата на Украина во Македонија соопштува детали од поддршката којаземјат аја добива во воениот конфликт по инвазијата од Русија. До денеска за заштита на Украина, стасала помош во која има од панцирни елеци и шлемови до преносни противвоздушни ракетни системи и противтенковски системи.

Информираат дека за прв пат во својата историја, Финска обезбедува вооружување: 2.500 автоматски пушки, 150.000 парчиња муниција, 1.500 RPG за еднократна употреба и 70.000 комплети за храна. Шведска обезбедила воена помош за прв пат од 1939 година. Шведската влада ѝ предала на Украина 135.000 оброци, 5.000 шлемови, 5.000 панцири и 5.000 единици на противтенковски оружја.

„Норвешка, исто така, донесе исклучителна одлука за поддршка на Украина, оттргнувајќи се од политиката на недавање оружје на земјите кои не се членки на НАТО, а кои се наоѓаат во состојба на војна. Осло ни испраќа 2.000 фрлачи на противтенковски гранати. Луксембург и обезбедува на Украина противтенковско оружје. Неутралната Австрија наскоро ќе испрати шлемови, заштитни елеци и гориво, стои во известувањето.

Оттаму информираат дека Украина добива помош и со санкциите кон Русија па така расте меѓународната изолација на земјата. Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Австралија најавија воведување на нови санкции. Швајцарија за прв пат се приклучи кон санкциите на ЕУ. Оние кои порано беа неутрални сега се борат заедно со Украинците против руските напаѓачи.

Азија, која претходно заземаше претпазлив став, исто така се приклучува на антипутинската коалиција. Сингапур воведува ограничувања кои вклучуваат контрола на извозот, санкции против руските банки, прекинување на летовите.

„Монако, кој е сакан од руските богаташи, ќе нанесе удар врз рускиот естаблишмент и ќе воведе санкции идентични на ограничувањата на ЕУ, велат од Украинската амбасада.
Инаку на украинската територија стасува и хуманитарна помош, а камиони со потребните производи веќе тргнале од Франција, Словачка, Швајцарија, Индија, Естонија и Литванија.

Слично

Поврзани вести