Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со сегашното темпо на вакцинација животот ќе се врати во нормала за 7 години

Со сегашното темпо на вакцинација животот ќе се врати во нормала за 7 години

Калкулаторот на престижниот Блумберг покажува колку време ќе им треба на државите да вакцинираат 75% од нивната популација, онолку колку што е потребно животот да се врати на старото нормално.

Имено, Блумберг ја изгради најголемата база на податоци низ целиот свет, со аплицирани повеќе од 119 милиони дози од вакцините ширум светот. Американски научни сугерираат дека ќе бидат потребни 70% до 85% покриеност на населението за работите да се вратат во нормала. Bloomberg’s Vaccine Tracker покажува дека некои земји прават далеку побрз напредок од другите, користејќи 75% покриеност со вакцина во две дози.

Израел, земјата со најголема стапка на вакцинација во светот, се движи кон 75% покриеност за само два месеци. САД ќе стигнат до овој степен во Новата 2022. Со вакво темпо на вакцинација, кое многу побрзо се одвива во побогатите западни земји отколку во остатокот од светот, на целиот свет ќе му бидат потребни седум години да се врати во „старото нормално“.

Во калкулаторот на Блумберг се користи најновиот просек на вакцинирање, што значи дека со зголемувањето на бројот на вакцинирање, времето потребно за да се достигне прагот од 75% ќе падне.

На пример, врз основа на најновата стапка на вакцинација во Канада, ќе бидат потребни повеќе од 10 години за да достигнете 75% покриеност. Тоа може да послужи како повик за будење на канадските политичари и здравствени службеници, но тоа не значи дека земјата е осудена на деценија социјално дистанцирање. Канада има договори за купување повеќе дози на вакцини по лице од која било друга земја. Темпото, најверојатно, ќе се забрза уште повеќе кога ќе станат достапни повеќе вакцини. Некои од најголемите светски центри за производство на вакцини во Индија и Мексико само што започнаа. Повеќе од 8,5 милијарди дози вакцини се договорени од земјите преку повеќе од 100 договорикои ги следи Блумберг. Само една третина од земјите веќе ги започнаа своите кампањи за вакцинација.


Слично

Поврзани вести