Со придружба од борбени авиони авионот со телото на убиениот руски пилот слета во Русија
Авионот со телото на пилотот по соборувањето на „Су-24“ од страна на Турција, Олег Пешков слета на аеродромот „Чакаловско“ во Подмосковјето, соопшти телевизијата „Ѕвезда“.
Авионот полетал пред пладне од Анкара, каде што телото на пилотот беше однесено откако сириските борци го предадоа на властите на Турција во еден од јужните прекугранични области на земјата. До руска територија телото е придружувано од воени авиони.
Телото беше предадено на Турција во ноќта наспроти 29 ноември. Според турската телевизија „NTV“ тоа се случило благодарение на напорите на турската разузнавачка служба и на претставниците на власта.
На 25 ноември претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша декрет за доделување награди на руски војници. На загинатиот пилот Олег Пешков му е доделена титула Херој на Руската Федерација убиен за време на спасувачката операција на Маринскиот корпус Александар Позинич е награден со Орден за храброст. Со истата награда е награден и преживеаниот пилот Константин Мурахтин.
