Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со послабо темпо ќе се продаваат луксузни производи

Со послабо темпо ќе се продаваат луксузни производи
За четири до пет отсто ќе забави растот на продажбата на лускузни стоки во светот оваа година, под влијание на забавувањето на кинеската економија и силниот пад на вредноста на јенот. Кризата која ја погоди Европа влијаеше на намалување на купувањето на лускузни стоки во 2012 година, но приливот на туристи на стариот континент успеал донекаде да ја компензира загубата. Но, во првиот квартал од оваа година растот на бројот на туристи во светот е намален, така на годишно ниво се очекува максимален раст до два отсто, по минатогодишните три отсто. Остриот пад на јапонскиор јен веројатно ќе влијае на натамошното намалување на јапонските туристи ширум Европа. Се очекува кинеската средна класа да биде помалку заинтересирана за купување на лускузни стоки под влијание од намален ризик во цените во Европа и Кина. Туристите почнуваат да ги менуваат навиките и наоѓаат нови дестинации за купување, како што се Обединетите Арапски Емирати, југоисточна Азија, Австралија и Азербејџан.   Минатата година вредноста на продадените стоки во светот која беше зголемена за пет отсто ја надминала границата од 200 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести