Со пониски провизии за кредитните картички до поевтини производи
Со закон да се ограничат провизиите при користење на кредитните и дебитни картички, побара Европската комисија.
Како што стои во соопштението, ограничувањето на провизии за трговците кои плаќаат на банките секојпат кога потрошувачот ја користи картичктата, дава заштеда од шест милијарди евра годишно, па тоа ќе доведе до поевтинување на производите.
Сп предлог законот се бата провизијата за сите вредности на трансакциите кај дебитните картички да биде со најмногу 0,2%, или 0,3% кај кредитните картички. За усвојување на овој предлог сепак е потребно одобрување од Европскиот парламент и членките на ЕУ.
Слично
