СО ПОМОШ НА СУРОГАТ МАЈКА ЌЕ МОЖАТ ДА ИМААТ ДЕЦА - Уставниот суд на Израел ја укина забраната за истополовите бракови
Израел ги укина ограничувањата со кои им се забрануваше на истополовите парови и самохраните мажи да станат родители преку сурогат мајки во земјата, потврдувајќи ја одлуката на Врховниот суд за укинување на забраната, пренесува Ројтерс.
„Ова е историски ден за борбата на ЛГБТИ заедницата во Израел“, рече министерот за здравство Ницан Хоровиц на прес-конференција.
Според претходните прописи, израелските истополови парови кои сакале да станат родители не можеле да го сторат тоа со помош на сурогат мајки во Израел, туку морале да направат трошоци и да ги најдат во странство.
Фото: ЕПА
Слично
