СО ПИРЕ ГО УНИШТИЈА РЕМЕК ДЕЛОТО НА КЛОД МОНЕ: Климатските активисти посегнаа по безвременската „Стогови сено“ вредна 111 милиони долари
По „Сончогледи“ на Ван Гог, на кои климатските
активисти пред десет дена истурија супа од домати, целта вчера беше ремек
делото „Стогови сено“ од Клод Моне изложена во германскиот музеј „Барберини“ во
Постдам, веднаш до Берлин, која беше испрскана со пире од компири за да се
предупреди на драматични климатски промени.
„Ако треба да се фрли пире или супа од домати на сликата - да се потсети општеството дека сите нè убива трката за фосилни горива: Тогаш ќе фрлиме и пире на сликата“, велат активистите членови на „Последната Генерација“ и објави видео од нивниот протестен чин.
Се сликаа со извалканата слика
Платното „Стагови сено“ на францускиот импресионист се наоѓа во музејот Барберини во Потсдам и е дел од колекцијата на милијардерот Хас Платнер.
Сликата беше купена на аукција во 2019 година за 111 милиони долари - рекорд за Моне - и позајмена на музејот.
NEW - Mashed potato attack on $110 million Monet painting in Germany.pic.twitter.com/dK8YCB2F1C
— Disclose.tv (@disclosetv) October 23, 2022
Облечени во црно-портокалови елеци, активистите фрлија пире на сликата и зазедоа иста позиција како и активистите кои го направија тоа на 14 октомври во лондонската Национална галерија – клекнати, свртени со грбот кон сликата, со едната рака се залепија за ѕидот.
Експертите велат дека таа не е оштетена
„Дали треба да фрлите пире на сликата за да не слушате? Оваа слика нема да вреди ништо ако треба да се бориме за храна“, рече еден од нив пред да биде приведен во полиција. Сликата е заштитена со стакло, велат од музејот и додаваат дека според експертите таа не е оштетена. Од среда повторно ќе биде изложена за посетителите.
Ремек-делото на Ван Гог „Сончогледи“ го полеаја со супа од домати двајца активисти од движењето Само стоп нафта. „Сончогледите“ не се оштетени, а помали оштетувања се направени на рамката на сликата.
