Со Панамските документи Данска ќе „лови“ затајувачи на данок
Данската Влада ќе купи информациии од Панамските документи за евентуални затајувачи на данок во Данска, изјави министерот за данок, Карстен Лаурицен.
Владата на оваа земја на анонимен извор ќе плати илјадници евра за материјалот, кој би можел да содржи информации за околу 320 сличаи и од 500 до 600 затајувачи на данок.
„Данските власти веќе добија бесплатен „премиерок“ податоци. Мораме да ги користиме сите потребни мерки за да ги фатиме затајувачите на данок кои го кријат богатството на пример во Панама со цел да избегнат плаќање на данок во Данска. Не можеме да бидеме сигурни во резултатот, но се укажува дека станува збор за корисни информации“- вели Лаурицен.
Станува збор за корисни информации, додава Лаурицен кој вели дека државата тоа им го должи на даночните обврзници кои редовно ги плаќаат своите даноци. Министерот објаснува дека ја имаат поддршката и од другите партии за купување на 200.000 документи кои беа објавени од панамската правна фирма и истакнал дека тој материјал „содржи валидни информации за неколку стотици дански даночни обврзници“.
