Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ПАДОТ НА ПРОДАЖБАТА ПАЃААТ И ЦЕНИТЕ: Тесла ги поевтинува своите автомобили во Европа, Африка и Блискиот Исток

СО ПАДОТ НА ПРОДАЖБАТА ПАЃААТ И ЦЕНИТЕ: Тесла ги поевтинува своите автомобили во Европа, Африка и Блискиот Исток

Компанијата Тесла неодамна објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година.

Портпаролот на Tesla најави дека компанијата ќе ги намали цените на некои модели на автомобили во одредени земји во Европа, вклучително и Германија, како и на Блискиот Исток и Африка.

Во Германија цената на моделот 3 со погон на задните тркала падна од 42.990 евра на 40.990 евра, пренесува „Ал Џезеира“, повикувајќи се на Ројтерс.

Таа компанија, чиј основач и директор е милијардерот Илон Маск, претходно најави намалување на цените во Кина и Соединетите Американски Држави.


Во САД цените на трите модели ќе бидат за 2.000 долари пониски, а Model Y ќе чини 42.990 долари, Model S 72.990 долари и Model X 77.990 долари, пренесува ABC News.

Најавени отпуштања

Компанијата Тесла на почетокот на април објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година, објавија медиумите.

На квартална основа, испораките на возила на Tesla паднаа за 20 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.


По тој повод, Tesla објави и дека произвела 433.371 возило во првиот квартал од 2024 година, што е за 1,7 отсто помалку од истиот квартал минатата година.

Маск неодамна објави дека 10 отсто од вработените во компанијата ќе бидат отпуштени.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести