Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ОВА СЕ ДРОГИРА ИСИС: Запленети два тона „каптагон“, дрога на која се навлечени џихадистите

СО ОВА СЕ ДРОГИРА ИСИС: Запленети два тона „каптагон“, дрога на која се навлечени џихадистите

Оделението за наркотика на турската полиција во две оделни рации заплени близу 11 милиони парчиња или два тона амфетамиски таблети (Каптагон) крај границата со Сирија. Оваа испорака наводно била наменета за борците на „Исламска држава“.

Само во една од рациите се пронајдени 7,3 милиони таблети кои биле скриени за испорака на 1300 филтери за масло. Уапсени се турски и сириски државјани.

Во прашање е фенетилин, синтетички симуланс кој за прв пат е произведен во 1960 година како лек за депресија и нарколепсија. Дрогата на нелегалниот пазар е помешана со кофеин (Каптагон).

Овој наркотик е популарен на Блискиот исток и во западна Азија каде го користат борците во сириските војни за да останат будни и силни во текот на своите акции. Заправо поради тоа, го нарекуваат „погонско гориво“ во војната во Сирија. Постојат и тврдења дека со производството и продавањето на оваа дрога се финансираат војните.

Да потсетиме, дека во почетокот на овој месец е уапсен саудискиот принц со два тони исти такви таблети, кој пробал да ги пренесе од  својот багаж во приватен авион.

 
Слично

Поврзани вести