Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со онлајн реклами и намалени трошоци до раст на профитот кај Гугл и Мајкрософт

Со онлајн реклами и намалени трошоци до раст на профитот кај Гугл и Мајкрософт
Технолошките гиганти Гугл и Мајкрософт забележаа голем раст на својот профит во првиот квартал на годината, соопшти БиБиСи. Сопственикот на најчесто користениот интернет пребарувач го зголеми профит до 3.35 милијарди долари, што е за 16% повеќе од истиот квартал лани. Компанијата на Бил Гејтс пак постигна профит од 6 милијарди долари за истиот период или раст од 17% во однос на првиот квартал на 2012 година. Резултатите на софтверскиот гигант ги надминаа предвидувањата на аналитичарите, и покрај лошиот прием на новиот оперативен систем Windows 8 и падот на продажбата на персонални компјутери во светот. Истовремено друга голема технолошка компанија - IBM, објави намалена добивка, откако не успеа да заврши голем број од договорите, а резултатите беа дополнително погодени и од девалвацијата на јапонскиот јен. Дел од аналитичарите истакнуваат дека Мајкрософт успеа да го подобри профитот благодарение на променетите шеми за продажба на нејзините производи на корпоративните клиенти, а како резултат на мерките за намалување на трошоците. Од друга страна пак Гугл го должи овој успех на растечките приходи од онлајн рекламирањето, кои придонесоа за зголемување на вкупните приходи до речиси 14 милијарди долари за кварталот - значително зголемување ако се земат претходните 10,7 милијарди долари за истиот квартал од минатата година. Просечната цена платена за клик на реклама продолжува да паѓа, но со побавно темпо од минатата година.
Слично

Поврзани вести