Со онлајн продажба на храна до повисок профит
Иако онлајн трговијатата се повеќе се применува при купопродажбата на книги , музика , облека и електроника во последната деценија, овој тренд не важи кога станува збор за храната, пишува Reuters.
Прехранбените производи претставуваат 40 % од вкупната продажба на мало. Во исто време, сепак , нивната продажба онлајн е многу скапа и тешко остварлива споредено со останатите производи.
Во оваа фаза, од големите електронски продавници само Amazon се осмелува да вклучи храна во продажбата. Бизнисот Fresh ќе биде проширен во уште 20 урбани зони во 2014 година , соопштија од компанијата. Ако искуството успее , храна преку електронските продавници на компанијата ќе биде понудена и надвор од САД .
Продажбата на прехранбени производи во супермаркетите се намалува во последните години . Поради кризата многу луѓе останаа без работа , што ја намали потрошувачката . Во изминатите години пак беше регистриран континуиран раст на цените на храната поради неповолните временски услови.
Оттука намалувањето продажбата ги натера повеќето трговци да се замислат како можат да ги сменат навиките на своите купувачи . Во оваа фаза се експериментира со различни опции. Во Франција е многу популарна опцијата за онлајн нарачка, но сепак нарачката се зема на посебни шалтери во постоечките продавници. Клиентите може дури и да не излегуваат од своите автомобили при приемот на налози.
Очекувањата се дека овој тип трговија ќе донесе раст на продажбата до 10,6 милијарди евра во 2016 година , во однос на 6,7 милијарди евра , колку што се прогнозирани оваа година. Во Велика Британија , пак, онлајн продажбата на прехранбени производи ќе достигне до 11,4 милијарди евра во 2016 година. Оваа година трговците очекуваат 7,4 милијарди евра . Ваквите податоците ги дава аналитичката компанија IGD .
Всушност Франција е меѓу земјите кои се најнапредните во Европа во однос на електронските набавки на прехранбени производи. 20% од жителите во земјата ка користат можноста за да нарачуваат онлајн и да ги добијат подготвените пакети според договорот на посебното место од каде се подига храната.
Од друга страна пак онлајн трговијата е значително помалку развиена во јужните делови на Европа . Таму потрошувачите преферираат шопинг во малите продавници. Онлајн нарачки на храна сепак преферираат и скандинавските земји кои важат за држави отворени кон технологијата, исто како и Холандија .
Слично
