Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со омикрон шансите за реинфекција се три пати поголеми

Со омикрон шансите за реинфекција се три пати поголеми

Постои три пати поголем ризик од реинфекција со омикрон. 

Јужноафриканскиот центар за епидемиолошко моделирање и анализа, заедно со Националниот институт за заразни болести, вчера соопштија дека најновите наоди „обезбедуваат епидемиолошки докази за способноста на омикрон да го избегне имунитетот од претходни инфекции“.

Нивното соопштение беше објавено откако група јужноафрикански здравствени организации објавија прелиминарна верзија на трудот, која беше претставена на научната јавност, која треба да го анализира и одобри пред да биде објавен во научно списание.

Омикрон доведе до „експлозија“ на бројот на инфицирани во Африка. Таму за повеќе од 100 отсто е зголемен бројот на новозаразени со коронавирус. 

Минатата недела се потврдени 52.300 инфекции, што е за 105 отсто повеќе од претходната недела. Само во Јужна Африка, потврдени се 31.000 заразени со коронавирус. 

Слично

Поврзани вести