Со нож се заканувал пред вакцинален пункт, полицијата го уби
Полицијата во Мадрид го убила напаѓачот вооружен со кујнски нож, кој им се заканувал на минувачите пред вакцинален пунк во населбата Вилјаверде.
„Тој нападнал полицаец кој бил принуден да отвори оган. Кога тргнал во напад и останатите полицајци отвориле оган", се наведува во соопштението.
Мажот за кого е наведено дека има потекло од Африка и дека од претходно и е познат на полицијата, починал на самото место од повредите.
Тој и е познат на полицијата поради насилство, и најверојатно имал психички проблеми.
Слично
