Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО НОЖ Е УБИЕНО 11- ГОДИШНО ДЕТЕ ДОДЕКА ИГРАЛО ФУДБАЛ: Трагедија во Шпанија

СО НОЖ Е УБИЕНО 11- ГОДИШНО ДЕТЕ ДОДЕКА ИГРАЛО ФУДБАЛ: Трагедија во Шпанија

Шпанската полиција трага по ммлад човек осомничен дека со остар предмет убил 11-годишно момче на фудбалски терен, објавија локалните медиуми. Жртвата наводно си играла со други деца кога бил нападнат од лице со качулка.

Нападот утринава се случи во Мосејон, во близина на градот Толедо, во централна Шпанија. Осомничениот, за кој се вели дека е млад човек на околу 18 години, избегал од местото. Лекарите се обиделе да го реанимираат момчето на местото на настанот, но не успеале, пишува Би-Би-Си.

Теренот бил затворен

Телевизијата РТВЕ објави дека извори потврдиле дека нападот се случил околу 10:00 часот по локално време. Во тек е голема потрага. Десетина полициски патроли трагаат по осомничениот, а во потрагата бил вклучен и хеликоптер. Мосејон, град со околу 5.000 жители, ќе прогласи тридневна жалост.

Мештаните тврдеа дека теренот е затворен и дека децата се провлекле низ скршената ограда за да си играат. Тие претпоставуваат дека на ист начин убиецот дошол на игралиштето.

Милагрос Толон, претставник на шпанската влада во регионот Кастиља-Ла Манча, објави на X: 

„Со голема тага ја примив веста за убиството на малолетникот во Мосејон. Полицијата започна широка операција за апсење на сторителот.

фото: EPA

Слично

Поврзани вести