Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со новите телефони Епл се надева да ги собори СИТЕ рекорди за продажба!

Со новите телефони Епл се надева да ги собори СИТЕ рекорди за продажба!
Неодамна во јавноста се појавија информации од еден документ на Епл во кој се изразува загриженоста на оваа компанија затоа што на пазарот се повеќе се популарни паметни телефони со големи екрани, и дека евтините Андроиди претставуваат најголема закана за продажбата на Ајфон. Исто така, многу аналитичари веќе неколку години предупредуваат дека компанијата мора да претстави голем Ајфон, бидејќи корисниците се повеќе купуваат Андроиди со екрани со дијагонала поголема од 5 инчи, а Епл е „заглавен“ на 4 инчи. Со новите модели Ајфон 6 и Ајфон 6 Плус се решава овој најголем проблем и се очекува во последниот квартал од годинава компанијата на Тим Кук да ги собори сите рекорди за продажба на пазарот на паметни телефони. Пазарот на „фаблети“, односно хибриди меѓу паметни телефони и таблети, што пред 4 години го покрена Самсунг со својот модел Галакси Ноут е исклучително популарен и се поголем број корисници сакаат таков уред. Ќе биде интересно да се следи каква ќе биде продажбата на фаблетот на Епл, но и на продажбата на мини Ајпадите, затоа што се очекува се очекува многу нивни корисници да ги заменат со Ајфон 6 Плус. Ова нема да биде првпат Епл со нови производи да им конкурира на своите досегашни уреди - така претставувањето на Ајфонот значеше почеток на крајот на нивниот музички плеер Ајпод. Со оглед на тоа што и досегашните модели на телефони на Епл ќе останат во продажба, нивната цена ќе падне. Така оваа компанија во иднина на пазарот ќе конкурира со четири модели на Ајфон - во понудата ќе останат и Ајфон 5Ц и Ајфон 5С по значително пониски цени кои ќе ги привлекуваат корисниците за кои Ајфон 6 е преголем и прескап. Двата модели „шестка“ освен 10 милиони актуелни корисници ќе привлечат и многу нови корисници на Ајфон, очекуваат од Епл.  
Слично

Поврзани вести