Со нови мерки Франција планира да заштеди пет милијарди евра во буџетот
“Треба да определиме нови мерки, со кои ќе заштедиме пет милијарди евра во државниот буџет за 2014 година“ смета францускиот премиер Жан-Марк Еро.
Според него, овие заштеди ќе и овозможат на државата да ги реконструира државните финансии со што ќе биде обезбедено финансирање на веќе договорени мерки како што се зајакнување на конкурентноста на компаниите. Намалување на невработеноста, како и зголемување на социјалната помош за сиромашното население.
Досега Владата се однесуваше неволно кон идејата за отпуштања и сакаше да ги изедначи трошоците и приходите во буџетот преку зголемување на даноците, забалежуваат францускиоте медиуми
“Денес владата најмногу е фокусирана на активности за контролирање на буџетските трошоци”, рече Жан-Марк Еро.
Слично
