Со нов претседател ќе се спасува Сеат!
„Volkswagen AG“ назначи нов претседател на компанијата „Seat“ кој д неодамна е одговорен за продажба и маркетинг . Станува збор за Јирген Стакман, 51-годишниот Германец кој го замени на функцијата досегашниот шеф на Џејмс Мор, кој беше на чело на компанијата од 2009 година
Во моментов „Seat“ е единственото подружница на „Volkswagen“, која го носи старото име. Минатата година „Volkswagen AG“ имаше оперативна добивка од 11,5 милијарди евра, но во исто време продажбата на „Seat“ падна за 8.3% до 321 000 единици.
Сепак шпанскиот производител успеа да ги намали загубите за 31% и тие изнесуваат 156 милиони евра. За првите 3 месеци од годината „Seat“ има зголемување на продажбата за 9%.
Пред да се приклучи на „Volkswagen“, Стакман работел 14 години во Форд, од 1989 до 2003 година, а потоа го предводи и германскиот оддел „Ford-Werke GmbH“.
Во 2010 година преминува во Шкода, каде бил одговорен за продажбата, а од 2012 година влегува во управата на германскиот концерн.
Слично
