Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СО НЕТАНЈАХУ НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗГОВАРА“: Турција ги заострува односите со Израел

„СО НЕТАНЈАХУ НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗГОВАРА“: Турција ги заострува односите со Израел

Турција во саботата објави дека го повлекува својот амбасадор во Израел и ги прекинува контактите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Турското Министерство за надворешни работи објави дека амбасадорот Сакир Озкан Торунлар ќе биде поканет на консултации „со оглед на хуманитарната трагедија што се случува во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел врз цивили и одбивањето на Израел да прифати прекин на огнот“.

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Лиор Хајат го нарече овој потег „уште еден чекор на турскиот претседател кој е на страната на терористичката организација Хамас“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за новинарите одделно изјави дека го смета Нетанјаху лично за одговорен за тековното крвопролевање во Газа, каде што повеќе од 9.000 Палестинци се убиени во израелските напади.

Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме.

Сепак, Ердоган во саботата рече дека неговата земја не може да си дозволи да ги прекине сите дипломатски контакти со Израел.

Целосно прекинување на врските не е можно, особено во меѓународната дипломатија“, рече Ердоган.

Потегот на Турција доаѓа откако Израел ги повлече своите дипломати од земјата минатиот месец, откако Ердоган го нарече Израел „окупатор“ на пропалестинскиот митинг.


Слично

Поврзани вести