Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ЛОВЕЧКА ПУШКА УПАДНАЛ ВО ГРАДИНКА И ПУКАЛ ДОДЕКА ДЕЦАТА СПИЕЛЕ: Убил две деца и негувателка и се застрелал самиот

СО ЛОВЕЧКА ПУШКА УПАДНАЛ ВО ГРАДИНКА И ПУКАЛ ДОДЕКА ДЕЦАТА СПИЕЛЕ: Убил две деца и негувателка и се застрелал самиот

Во руската област Улјановск, маж со ловечка пушка ИЖ-27 упаднал во градинка и почнал да пука додека децата спиеле.

Според Газета.ру, тој влегол во објектот и веднаш ја застрелал негувателката. Потоа влегол во просторијата каде што спиеле децата и, почнал да пука и смртно погодил две. Како што пренесува весникот, по ов а злосторство, тој самиот себе се застрелал.

Наведувајќи детали, Газета.ру јавува и дека убиецот влегол од влезната врата туркајќи ја насилно. Потоа се качил на вториот, каде што спиеле децата, а во целата трагедија биле повредени и еден помошник наставник и уште еден вработен во градинката.

Засега не се познати мотивите за нападот.


Слично

Поврзани вести