Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со кое оружје САД ќе удри по Сирија?

Со кое оружје САД ќе удри по Сирија?
Претседателот Обама реши да ја префрли одговорноста на Конгресот околу тоа дали ќе се нападне Сирија или не. Многумина овој потег го оквалификуваа како изнуден со оглед на откажувањето на Велика Британија на која досега се гледаше како верен партнер на САД. Седницата е закажана на 9-ти септември, а во меѓувреме сите ќе бидат во очекување и исчекување. Секако едни од оние кои ќе имаат најголем бенефит од интервенцијата се производителите на оружјето на САД. Секој нов напад или мала војна за нив значи поголем ангажман и многу милијарди. Само еден Томахавк проектил чини 1,6 милиони долари. Секоја година министерството за одбрана нарачува околу 200 нови парчиња. Компанијата која ги продава, Рајтеон заработува скоро 320 милони долари само од томахавки. Не е зачудење што нивните акции порасна за 30% само оваа година.Иако Томахавките учествуваат со само 1% во нивните приходи сепак кога тапаните на војната бијат, нивните акции одат нагоре Па да видиме со што САД би ја нападнале Сирија и какво оружје би се користело за овој напад, колку го има и кој го произведува. Следува дел од она што САД го имаат на располагање: Томахавк е проектил кој може да кружи со часови додека му биде дадена задача да ја погоди целта. Досега во војна биле употребени 2000, само 90 се потрошени во 2011 во војната во Либија. Блек Хок, гордоста на армијата на САД и гордоста на Јунајтед Технолоџи. Акциите на компанијата досега пораснаа за 20%. Веќе 30 години произведуваат вакви хеликоптери и во моментов вкупно има 2.300 активни во светот. Џенерал Дајнамикс гради подморници повече од 100 години и ја има дизајнирано првата подморница за американската подморница. Верен партнер на министерството за одбрана на САД. Џенерал Дајнамикс порасна за 16% во изминатава година и помина подобро од носечкиот S&P индекс. Боинговиот Е3 707 Авакс, тањирот служи за откривање на ракети, системи за напади на копно и на земја. Може да открие вакви системи на далечина од 250 километри. Ќе биде претходница на нападите. Редакција Фактор
Слично

Поврзани вести