Со камери ќе ги „ловат“ жените кои не носат хиџаб и ќе ги казнуваат
Иран со камери ќе ги „лови“ жените кои не носат хиџаб.
Властите ќе поставуваат камери на јавните места кои ќе треба да ги снимаат жените кои не носат хиџаб, а потоа и да ги казнуваат. Целта на оваа мерка е да се спречи отпорот кон носењето хиџаб, затоа што според нив, тоа го нарушува имиџот на земјата и шири несигурност. Од иранската полиција велат дека откако жените ќе бидат идентификувани, тие ќе добијат СМС пораки на „предупредување за последиците“.
Сè поголем број Иранки го отфрлаат хиџабот по смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор на „полицијата за морал“ во септември лани. По нејзината смрт, избувнаа насилни протести во Иран, каде имаше и жртви.
foto freepik.com
Слично
