Со какви обичаи светот ја дочекува новата година
Музика, петарди и одбројување пред полноќ. Ова е начинот на кој Македонците се навикнати да ја дочекуваат Новата година, но во другите делови на земјината топка дочекот на Новата Година се поврзува со потполно различни обичаи.
Во западен Велс секогаш на 31 декември се одржува традиционално бањање во леденото море. Околу 2.000 лица учествуваат во ова случување кое пред се има хуманитарен карактер.
Романските фармери за време на новогодишната ноќ ги обиколуваат и наслушуваат животните на својот имот. Според народните верувања, доколку кравата или козата проговори, тоа ќе донесе среќа во наредната година.
Разделувајќи се од старата година, жителите на Јоханесбург ги фрлаат старите предмети од домот од прозор со што би се направило место за новите работи.
Неизоставен дел од новогодишната трпеза во сите јапонски домови се „тошикоши соба“ – долги резанци кои симболизираат долговечност.
Доколку за време на прославата се појавите во бел фустан или одело, со тоа ќе ги избркате лошите духови. Вакво е верувањето во Бразил. Бразилците кои живеат во близина на брегот, прескокнуваат седум бранови за среќа, по еден за секој ден од неделата.
Иако Русите во текот на целата година пијат „Водка“, на нивните маси за 31 декември може да се најде и шампањ. Обичајот е секој гостин на прославата да запише желба, а потоа истата да ја запали, да ја стави пепелта во чашата со шампањ и овој пијалок да го испие точно на полноќ.
Британската комедија „Вечера за еден“ доби неверојатна популарност помеѓу германската публика која уште од 1972 година традиционално го гледа на последниот ден од годината.
Жителите на Еквадор ја користат последната недела од декември да направат страшило кое го полнат со стари весници. Кога ќе се приближи полноќ, сите се собираат пред своите домови и ги палат страшилата, а со нив и сите проблеми од минатата година.

Слично