Со Јуриј Гагарин пред Парламентот во борба против економската криза!
Во екот на најголемат криза во Кипар, во главниот град Никозија денеска беше откриен споменик на првиот космонаут на Земјата, Јуриј Гагарин,поставен непосредно до зградата Парламентот. Како што пишуваат руските медиуми, споменикот кој е дело на рускиот скулптор Владимир Усов бил поставен по барање на градоначалникот на Никозија,а како спонзор се јавува Московска банка.
„Откривањето на споменикот на Гагарин во Кипар, во момент кога земјата преживува тешки времиња, не е случајно. Гагарин го обединува светот, инспирира големи дела, ни дава сила да ги надминеме тешкотиите“, изјави претседателот на друштвото за руско-кипарско пријателство Георгиј Мурадов.
Слично
