Со измени во Уставот, Ергодан сака поголема моќ
Со промени во државното уредување, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака да ги зголеми своите овластувања.
Ергодан предлага измени во Уставот и воведување претседателски систем, бидејќи смета дека парламентарниот систем во Турција е потрошен.
Претседателот наведе дека Парламентот може да се произнесе за тоа прашање, но оти ќе има и референдум.
-„Конечното решение треба да го донесе народот, а не пратениците”-истакна Ердоган.
Ергодан е претседател на Турција од 2014 година, а претходно единаесет години беше премиер.
Во текот на целиот претседателски мандат, Ердоган инсистира на уставни промени односно за воведување на претседателски систем.
Слично
