Со Hello Kitty до милијарда долари
85 годишниот основач и извршен директор на комапнаијата Санрио, Шинтаро Цуји откри дека има повеќе од милијарда долари.
Растот на продажбата на производите Hello Kitty помогнале цената на акциите на оваа комапнија да се дуплираат во текот на оваа година.
Шинтаро контролира 1,8 милиони акции директно и доплнителен број на акции поседува неговата сопруга Јасуко. Продажбата на комапнијата Сарио донела 899 милиони долари во последната финансиска година.
Hello Kitty е најпознатиот бренд на оваа компанија од Токио. Санрио има договори со Волмарт, Зара, Сваровски и многу други поради што денеска слаткото маче може да се најде на облеката, маските за мобилни телефони, накитот, очилата, ранците па дури и на авионите.
Глобалното лиценцирање е клучот, вели Мет Милер уредник на Bloomberg Billionaires.
- Тие беа првата компанија која имаше така слатки ликови, а ги направи интелектуална сопственост и ги наплати преку лиценцирање, вели Милер.
Низ годините Цуји целосно се соживеа со својата работа, па дури понекогаш го користи и потписот Крал на јагодите, според првиот лик Јагода.
Слично
