Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ХЕЛИКОПТЕР Е ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА: Израелски актер е ранет во Газа

СО ХЕЛИКОПТЕР Е ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА: Израелски актер е ранет во Газа

Актер од серијата на „Нетфликс“ е ранет во воените дејствија во Газа. 

Израелскиот пејач и ѕвезда на ТВ серијата „Фауда“ на Нетфликс, Идан Амеди е ранет во Газа, објави неговото семејство, пренесува Klix.ba. Амеди наводно е тешко ранет додека се борел со израелските одбранбени сили (ИДФ).

Порталот „Тајмс оф Израел“ објави дека актерот со хеликоптер бил префрлен во Медицинскиот центар Шеба во Тел Хашомер, каде му е извршена итна, сериозна и долготрајна операција и моментално е под седација и постојан медицински надзор.

Неговиот татко потврди дека Амеди е повреден, но кажа дека неговиот живот не е во опасност. По нападот на Хамас врз Израел, Амеди се пријавил како резервист и се приклучил на ИДФ.

При крајот на декември лани, Шаул Гринглик кој се пријави на Евровизија загина во Појасот Газа.

Слично

Поврзани вести