Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ГОДИНИ СЕ БОРИ СО СТРАШНА БОЛЕСТ: Останала без здравствено осигурување затоа што минатата година не заработила доволно

СО ГОДИНИ СЕ БОРИ СО СТРАШНА БОЛЕСТ: Останала без здравствено осигурување затоа што минатата година не заработила доволно

Шенон Доерти, актерката која сите ја сакаа во сериите „Беверли Хилс“ и „Charmed“, со години се бореше со ракот, а сега го загуби и здравственото осигурување.

Имено, актерскиот синдикат „САГ-АФРТА“ повеќе нема да и ги покрива медицинските трошоци, а причината за тоа е што лани не заработила 26.470, што е минимум за да има право на здравствено осигурување.

Шенон во оваа прилика јавно проговори на својот Инстаграм профил, а нејзините зборови беа упатени до Фран Дрешер, актерката од серијата „Nanny“, која е претседателка на здружението.

- Мене ме интересираат таквите како мене кои работат од 10 години и редовно плаќаат членарина во синдикатот, а кога сме неспособни да работиме поради болест, нашето здружение не напушта. Мислам дека можеме подобро за сите наши членови и мислам дека вие сте личноста која може да го направи тоа - напиша Шенон и додаде:

- Животното осигурување не треба да се заснова на годишен приход. Тоа е доживотен придонес. Не е во ред јас и многу други, кои плативме доживотно членство, да сме оставени само затоа што не ги исполнуваме вашите сегашни критериуми.

Под нејзината објава поддршка и дадоа бројни колеги, како Бизи Филипс, Кендис Бур, Брајан Остин Грин, кои поминаа низ истата ситуација, Селма Блер, Деби Ален, Џејми Александар.

Инаку, на Шенон и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Бројни операции, третмани доведоа до негово мирување, но болеста се врати.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести