Со флексибилно работно време до поголем профит на компанијата
Во САД се повеќе компании прибегнуваат кон политиката на неопределено отсуства , систем кој се базира на меѓусебна доверба меѓу работодавачот и работникот . Работодавците дури утврдиле дека флексибилното работно време на вработените е повеќе профитабилно за нив , забележува AFP , цитирана од агенциите.
Пример во оваа насока е сметководствена компанија Rayen , во која работат 1.600 лица . Повеќето од нив од 2008 година се со флексибилно работно време и никој не брои колку дена тие се отсутни од работа , додека работата е завршена .
Во летото на пример, 32-годишниот Стив Томпсон , менаџер во компанијата Rayen во Вашингтон , ги започнува викендите уште во петок предпладне, за го да избегне сообраќајниот метеж на патиштата кои водат кон плажите . Доволно е да се договори со претпоставените и со својот тим , за да си дозволи викенд од три дена и да ја напушти канцеларијата на средината на работниот петок. Потоа Стив оди и во спортската сала , за да се растовари од стресот. Ова флексибилно работно време не ја попречува продуктивноста оценува работодавачот, но и анонимно неговите клиенти .
Со воведувањето на флексибилното работно време доброволното напуштање на компанијата е намалено до 10 проценти годишно и компанијата е рангирана на водечко место на топ листите за добра работна атмосфера.
Системот има предности и за работодавачот. Тој нема потреба од административни ресурси за сметководство на платено отсуство . Покрај тоа при напуштање или разрешување вработениот веќе не добива чек, бидејќи според системот на флексибилно работно време тој нема право на тоа.
Системот сепак не може да се применува за сите професии - лекари или работници во фабрики не можат на пример да работат од дома .
Во САД ниту еден закон не ги обврзува компаниите да доделуваат платени отсуства и околу 10 проценти од луѓето кои работат со полно работно време , немаат право на никаква отсуства, покажува анализата на Центарот за економски и политички истражувања . Во просек Американците имаат по две недели платен одмор годишно.
Слично
