Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со дрвени штици ги спречувале да излезат од дома - судот во Шведска им ги одзеде децата на чудни родители

Со дрвени штици ги спречувале да излезат од дома - судот во Шведска им ги одзеде децата на чудни родители

Родителите на деца на возраст меѓу 10 и 17 години не им дозволувале да го напуштат својот дом во Јонкипинг помеѓу март и јули. Родителите приковале дрвени штици на влезната врата и ги заклучувале децата во нивните простории каде им носеле храна. Затоа, судот одлучи да ги оддели децата од семејство со потекло од друга земја. Според достапните информации, родителите не зборуваат добро на шведски јазик, а земјата од која потекнуваат имала многу построги ограничувачки мерки.

Родителите пред судот изјавија дека се плашат од коронавирусот и дека немаат намера да ги повредуваат или запоставуваат децата. Тие негираа дека децата биле насилно затворени и рекоа дека можат да излезат да се дружат со пријателите ако сакаат. Тие додадоа дека им било дозволено да го продолжат образованието од дома.

Но, судот соопшти дека нема причина да не веруваме на најстарото дете кое раскажало како заковале штици на вратата и дека родителите им забранувале да излегуваат или да одат на училиште. Во пресудата се вели и дека родителите им се познати на социјалните служби уште од претходно и дека социјалните служби постојано ја испитувале состојбата во тоа семејство.

„Истрагата покажа дека изолацијата има негативно влијание врз децата и дека постои значителен ризик дека може да им наштети на нивното здравје или развој. Без оглед на причините за изолацијата, не беа земени предвид потребите на децата “, се вели во пресудата.

Слично

Поврзани вести