СО ДРВЕНА ПАЛКА ГО ПРЕТЕПАЛ СИЛУВАЧОТ НА ЌЕРКА СИ: Татко во Минхен ја зел правдата во свои раце
Жител на германскиот град Минхен (47) минатиот четврток во минхенскиот кварт Берг ам Лаим претепал 37-годишен маж со дрвена палка, зошто тој претходно ја силувал неговата 19-годишна ќерка, пишува Билд.
Билд наведува дека државјанин на баварскиот главен град е обвинет за нанесување тешки телесни повреди, а полицијата привела маж за силување 19-годишна жена.
Девојката се дружела со 37-годишникот неколку недели. Кога еднаш ја поминале ноќта во станот на еден од неговите пријатели, тој наводно ја силувал и тепал.
Девојката следниот ден избегала од станот, но напаѓачот тргнал по неа и и се заканил дека ќе ја избоде на улица.
Вознемирена 19-годишната девојка му се јавила на телефон на својот татко, кој живее недалеку од станот во кој се случил наводниот напад. Нејзиниот татко влегол во автомобилот и се упатил кон неа, а по пат за се ја известил полицијата.
Како што пренесува Јутарњи, кога 47-годишниот и 37-годишниот се сретнале во Kreillerstraße, ситуацијата ескалирала.
При расправијата, 47-годишникот неколку пати го удрил 37-годишниот со дрвена палка што ја носел, соопштија од полицијата.
Помладиот од двајцата во тој конфликт добил повреди на раката.
Таткото на наводно нападнатата девојка доби кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда, а 37-годишниот маж е приведен поради сомнение дека ја силувал и се заканувал на споменатата 19-годишна девојка.
