Со долг од 250.000 евра, двегодишно дете е најзадолжено во Полска
Девгодишното дете Кевин Кокот Баран од Намислов е најзадолжено дете во Полска бидејќи судот во Клучборк не му дозволил да се откаже од наследство оптоварено со долг од 250.000 евра.
-Не сакаме наследство со толку долгови. На нашиот син на врата ќе му чукаат доверители, судски извршители. Во негово име мораме да сносиме трошоци за адвокат, да патуваме поради судењето- вели неговата мајка Катажина Кокот Баран. Таа вели дека роднината никогаш до сега не го видел Кевин, но и дека таа го има видено само еднаш и тоа на нејзината свадба. Судот образложи дека родителите не ги штитат интересите на детето кога превземаат правни мерки кои пак ги преминуваат границите за управување со имотот на нивното дете. Родителите веќе се жалеа на одлуката.
Слично
