Со чие оружје ќе пука Киев?
Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека е постигнат договор за војната во Украина. Неговата изјава дојде по исцрпувачките 15 часовни преговори во белоруската престолнина Минск. Тешкото вооружување ќе биде повлечено од фронтот на полноќ и сите заробеници ќе бидат ослободени, штом примирјето стапи на сила на 15 февруари.
На почетокот на оваа недела, американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговата администрација ја разгледува понудата на одбранбено оружје како противтенковски проектили на украинската армија. Самиот претседател е против, но во американскиот конгрес има силно лоби и од двете партии што поддржува испраќање на воена помош.
Мапа на контролираните од про-руските војници територии и границата на тампон зона според примирјето од септември и од 15 февруари.
Истражувањето на агенцијата YouGov меѓу 992 лица покажува дека Американците масовно се поделени по прашањето за можни испораки на оружје. 32% од испитаниците го поддржуваат снабдувањето, а 37% се противат на вооружувањето на украинските воени.
Има и значителни политички поделби по прашањето. 53% од десничарските републиканци го поддржуваат испраќањето на оружје и само 27% од левите демократи се за таков потег. Мнозинството Американци од целиот политички спектар го поддржуваат зајакнувањето на економските санкции против Русија, како и сериозните дипломатски напори.
Ако преговорите за примирјето се покажат само привремено решение и конфликтот се обнови повторно, 61% од испитаниците се против испраќањето на американски војници во Украина.
Графиконот ја покажува поддршката на Американците за одредени пристапи на САД спрема ситуацијата во Украина во февруари 2015 година.
K.K.

Слично