Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со часови возел, и стигна на место каде уби Афроамериканци, а злосторството го пренесувал во живо

Со часови возел, и стигна на место каде уби Афроамериканци, а злосторството го пренесувал во живо

Moмче на возраст од 18-години уби десет и рани три лица во супермаркетот Топс во Бафало, во американската држава Њујорк, пред да им се предаде на властите.

Надлежните веруваат дека злосторството е расно мотивирано.  Полицијата смета дека 18-годишникот, вооружен со автоматска пушка, дејствувал сам.

ФБИ во меѓувреме објави дека неговиот чин ќе биде истражен како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“.

Единаесет од 13-те убиени или ранети се Афроамериканци, а супермаркетот Топс се наоѓа во населба доминантно со црно население. Осомничениот, не е од Бафало, туку до таму „возел со часови“.

Меѓутоа, американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, објавија дека напаѓачот се викал Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало.

Своето злосторство го пренесувал директно на интернет сервисот Твич преку камера што ја поставил на кацигата. Тој бил тешко вооружен, во воена опрема и со панцир, соопшти полицијата.

Слично

Поврзани вести