Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

Луѓето во Газа со часови чекаат за да добијат оброк. Палестинците во Појасот Газа и понатаму се соочуваат со недостиг на храна поради израелските напади и опсадата.

Жителите секој ден со кантички и чинии во рацете со часови чекаат во долги редици за да добијат оброк. Жителите на Газа се обидуваат да преживеат така што често прават леб од добиточна храна, бидејќи не можат да најдат брашно. Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа најмалку 33.729 Палестинци, а 76.371 се повредени. Израел почна офанзива во Појасот Газа откако палестинската терористичка група Хамас изврши напади на 7 октомври лани. 

Слично

Поврзани вести