Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со Брегзит или не, „златната треска“ е при крај

Со Брегзит или не, „златната треска“ е при крај

Што и да одлучат Британците на референдум, се очекува цената на благородните метали да го ограничи поскапувањето.

Драстичното поскапување на златото поради неизвесноста пред британскиот референдум најверојатно се приближува кон својот крај, без оглед на тоа што ќе одлучат Британците денеска, пишува Ројтерс.

Минатата недела цените на благородните метали достигнаа највисоко ниво од август 2014 година.

Последните анкети покажуваат дека трката во Велика Британија ќе биде оспорувана, а инвеститорите стравуваат за евентуалните економски и пазарни последици при евентуален Брегзит.

Ако населението на Британија поддржи останување во Европската унија, тоа многу брзо може да го избрише 5-процентното поскапување на златото во јуни, бидејќи апетитот за ризик ќе се зголеми и фокусот ќе се пренасочува кон американската економија.

Друга причина за евентуално нагло, иако краткотрајно поевтинување, е дека за време на финансиски стрес златото може да се користи како извор на средства, за да се покријат други загуби.

Слично

Поврзани вести