Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО АКУТНА ИНФЕКЦИЈА НА КОВИД ЛЕТАЛ ОД ИСТАНБУЛ ДО ХАМБУРГ: Патникот починал во авионот

СО АКУТНА ИНФЕКЦИЈА НА КОВИД ЛЕТАЛ ОД ИСТАНБУЛ ДО ХАМБУРГ: Патникот починал во авионот

Дури по слетувањето на авионот кој летал на релација од Истанбул до Хамбург е утврдена смртта на еден 51-годишен патник, кај кој се докажало дека бил заразен со коронавирус.

Германскиот весник Die Welt наведува дека откако сите патници го напуштиле авионот, еден патник останал на своето место, по што членовите на екипажтот забележале дека е починат, а како што информира полицијата, тој патувал сам.

-Седеше на местото до прозорецот. Веројатно ја потпрел главата и ги затворил очите поради што сите мислеле дека спие, соопштија од полицијата.

Кај него е констатирана акутна инфекција на коронавирус, заради што германските власти ги тестирале сите луѓе кои биле во контакт со починатиот.

Трагичниот инцидент се случил пред една недела, односно на 25. октомври, но дури сега е објавен во јавноста.


Слично

Поврзани вести