Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 60 милијарди долари ќе се обновуваат регионите уништени од ураганот „Сенди“

Со 60 милијарди долари ќе се обновуваат регионите уништени од ураганот „Сенди“

Американскиот Конгрес одобри 60,2 милијарди долари помош за обновување на регионите што во октомври настрадаа од разурнувачкиот ураган „Сенди“, соопштија светските агенции.

Со 62 гласа „за“ наспроти 36 „против“ вчера Сенатот го одобри предлог законот, што овозможува помош од 50,5 милијарди долари. Кон оваа сума се додаваат 9,7 милијарди долари, одобрени претходно овој месец.

Средствата за доделување на помошта за настраданите од ураганот ќе се обезбедат од специјален државен фонд, создаден пред неколку години за несреќи од ваков тип. Сумата, изгласана од законодавците, се покажа дека е за 30 милијарди долари помала отколку што бараа властите на државите Њујорк, Њу Џерси и Конектикат, кои најмногу беа зафатени од стихијата.

Парите, што ќе бидат потрошени во рок од 10 години, се наменети за обновување на станбени згради и објекти од инфраструктурата.

Слично

Поврзани вести