Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 4 дози од вакцината против ковид ќе се борат против омикрон

Со 4 дози од вакцината против ковид ќе се борат против омикрон

Изрaелците со примање на 4-та доза на вакцина против ковид ќе се борат против сојот омикрон. 

За таа цел Израел воведува 4-та доза. За почеток 4 доза ќе се нуди на лицата постари од 60 години и на медицинскиот персонал. Омикрон ја зеде првата жртва во Израел, а тоа е 60 годишен маж кој примил само две дози.

„Граѓаните на Израел беа први во светот кои ја примија третата доза и пионери остануваме и со четвртата доза“, изјави премиерот Нафтали Бенет.

Иако лекари од Јужна Африка, каде сојот се појави тврдат дека овој сој не е опасен како делта, сепак научниците од други земји укажуваат дека во Јужна Африка населението е младо и сметаат дека не треба да се опуштаат. 


Светската здравствена организација(СЗО) повика луѓето да се воздржат од прослави собири за празниците. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести