Со 30 милиони долари во куфери и торби, сопруга на екс украински пратеник сакала да избега од земјата
Со огромна сума пари сопругата на eкс украинскиот пратеник на Народен фронт, Ихор Котвицки, Анастасија Котвицка се обидела да замине од земјата.
Таа сакала да пренесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра или речиси 30 милиони долари во торби. Жената е запрена на границата во Унгарија и приведена, пишува Интерфакс.
Цариниците ја фатиле на контролниот пункт Вилок во Унгарија.
„Парите биле во куфери без декларација и надвор од царинските прописи“, се вели во соопштението на Интерфакс.
Украинските закони за ова дело предвидуваат казна од три до шест години затвор. Се очекува дека 8 милиони бегалци од Украина може да заминат во Европа.
Слично
