Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 17 милијарди евра Кипар ќе ја спаси економијата

Со 17 милијарди евра Кипар ќе ја спаси економијата
Кипар има потреба од 17 милијарди евра помош од меѓународните кредитори за спас на економија, изјави денеска кипарскиот министер за финансии Васос Шиарли. - Износот се движи околу 17 милијарди евра, изјави Шиарли пред новинарите. Независната ревизија на кипарските банки се уште е во тек, а конечните податоци се уште не се објавени. Американската рејтинг агенција „Фич“ вчера го намали кредитниот рејтинг на кипарскиот долг за два степени на „ББ-“, од „ББ+“, со негативна прогноза, што значи дека може да следи дополнително намалување. Кипар во јуни побара од Европската унија помош за спас, но преговорите почнаа дури кон средината на нoември.
Слично

Поврзани вести