Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сноудeн се жали кај активистите, Мајкрософт негира вмешаност

Сноудeн се жали кај активистите, Мајкрософт негира вмешаност
Поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноудeн се обрати на претставниците на руските и меѓународните организации за човекови права и на адвокатите и побара средба со нив , соопшти руската агенција "Интерфакс", повикувајќи се на извор од администрацијата на московскиот аеродром Шереметјево. Сноуден сеуште се наоѓа во транзитната зона на аеродромот. Бегалецот побарал да го изрази својот однос, како штп посоќил,  кон опсесивната кампања на администрацијата на САД која ги изложува на опасност патничките летови кон голем број латиноамерикански земји. На средбата беа поканети претставници на организациите „Transparency International“, „Human Rights Watch“, како и ОН. Меѓу поканетите се и претставници на руските организации за човекови права, како и Владимир Лукијан, претставник на Кремљ по прашањата за човековите права. Повеќе од две недели Американецот се наоѓа во неутралната зона на московскиот аеродром „Шереметјево", каде што пристигнал од Хонг Конг. Поранешниот соработник на ЦИА, сепак не може да купи билет за авион, бидејќи американскиот пасош му е е поништен, а единствената опција за него за бегство е да добијат азил. Сеуште Сноуден не ви е одговорил на предлогот на Венецуела за азил, соопшти венецуелскиот министер за надворешни работи Елиас Хауа за Ројтерс. На маргините на самитот во Монтевидео на прашањето дали Каракас добил одговор од Сноуден, министерот рекол: „Се уште не", додавајќи дека неговата влада нема контакт со бегалецот. Во меѓувреме тајните документи доставени до Гардијан од Сноуден, покажуваат дека американскиот концерн Мајкрософт има работено во тесна соработка со американските разузнавачки служби, овозможувајќи следење на комуникациите на корисниците. Компанијата освен тоа и помагала на Агенцијата за национална безбедност (NSA) да ја заобиколи сопствената енкрипција на компанијата и да ги следи разговорите преку Скајп. Податоците од Сноуден ја илустрираат големината на соработката помеѓу Силиконската долина и разузнавачките агенции во последниве години и фрли нова светлина врз работата на тајната програма „Призмата". Според документите, Мајкрософт помогнала на NSA да ја заобиколи нејзиното енкрипција, за да се одговори на загриженоста дека агенцијата нема да може да пресретнува веб разговори во новиот портал Outlook.com. Покрај тоа, компанијата има работено во соработка со ФБИ за полесен пристап на NSA во "Призмата"  и „SkyDrive“, која има над 250 милиони корисници ширум светот. Само девет месеци по купувањето на Скајп од страна на Мајкрософт, тајната служба на САД е тројно го зголемила износот на добиени податоци. Од Мајкрософт се правдаа уште пред неколку недели, дека не и давале на Агенцијата директен пристап до информации за корисникот. Податоци за корисниците биле обезбедени само со законски владини барања.
Слично

Поврзани вести