Сноуден сака, но не смее да се врати во САД
Поранешниот службеник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден вчера изјавил дека нема да добие фер судење, ако се врати во САД, соопштија агенциите.
„Би сакал да се вратам и да се соочам со фер судење, но за жал не ми се понудува такво засега“, изјавил Сноуден за време на трибината организирана од организацијата на Канадски новинари за слободна мисла, Универзитетот Раиерсен во Торонто и телевизијата Си-Би-Ес.
Сноуден кој ги разгласи информациите за глобалната програма на електронско следење, доби привремено засолниште во Русија.
Во неговата татковина против него се покренати обвиненија за обелоденување на доверливи информации и му се закануваат долги години затвор.
Претставници на американската влада постојано се изјаснувале дека Сноуден е предавник и не планираат да му простат, бидејќи и нанел сериозна штета на националната безбедност.
