Сноуден поседува голема количина необјавени информации
Поранешен вработен во ЦИА, Едвард Сноуден поседува голем број документи чие објавување потенцијално ќе предизвика уште поголема штета на САД, изјави во интервју за аргентинскиот весник „La Nacion“ американскиот новинар Глен Гринвалд, кој прв ги пренесе информациите на Сноуден за шпиумирањето на комуникацијата преку интернет од страна на американската разузнавачка служба.
„Сноуден има голема количина информации чие ослободување за само една минута ќе предизвика за САД повеќе штета отколку било кога во историјата на земјата", изјави новинарот.
Гринвалд сеуште е во контакт со американскиот компјутерски техничар, поранешен советник на Националната агенција за безбедност (НСА), кој САД го бара за шпионажа и од 23 јуни, е "блокиран" во транзитниот простор на аеродромот во Москва.
Гринвалд потврди дека Сноуден, како што вели, има многу документи кои, ако беа објавени во јавноста, можеа да предизвика голема штета на владата, но истакна дека "тоа не биле неговата цел."
Сноуден, вели Гринвалд, само сака да привлече внимание на опасноста дека "компјутерски програми кои ги користат голем број на луѓе од целиот свет издаваат податоци за корисниците иако тие не се одрекле доброволно од правото за штитење на својата приватност."
Слично
