Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сноуден од Москва ги заострува односите меѓу Еквадор и САД

Сноуден од Москва ги заострува односите меѓу Еквадор и САД
Едвард Сноуден сеуште е во Москва, сега бара азил во Еквадор, а Вашингтон предупреди дека Еквадор дека ќе има тешки последици ако му го одобри азилот на хакерот. Еквадор сепак најави дека ќе се откаже од начелата дефинирани во договорот за трговска размена со САД за да покаже принципиелен пристап кон барањето азил за Сноуден. Владата на Еквадор соопшти дека договорот со САД станал инструмент за уцена. Во меѓувреме и руските власти го одбија американското барање за екстрадиција. Претседателот на САД пак Барак Обама изјави дека не планира да пушта борбени авиони за еден 29 годишен хакер, пренесоа американските медиуми. Обама истакнал дека нема да се ценка, расправа и трампа за екстрадицијата на поранешниот разузнавач. Сноуден е поранешен соработник на американските тајни служби кој откри кои се американските стратегии за меѓународно надгледување комуникации. Сега од страна на САД се  товари за протекување информации за американските надзорни програми. Веќе петти ден е на аеродромот во Москва, пасошот му е поништен и засега не е јасно како ќе го напушти терминалот.
Слично

Поврзани вести