Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сноуден: Никогаш не сум дал информација на ниту една влада

Сноуден: Никогаш не сум дал информација на ниту една влада
Никогаш не сум дал информација на ниту една влада и тие никогаш нема да земат нешто од мојот лаптоп. Вака поранешниот американски разузнавач, Едвард Сноуден, денеска ги демантираше информациите дека им оддал тајни на кинеските и руските разузнавачки служби, јави ДПА. Бразилскиот блогер и колумнист Глен Гринвалд, кој на 6 јуни прв ги обелодени обвинувањата на Сноуден за американските тајни програми за следење на комуникациите, за британски „Гардијан“ изјави дека поранешниот соработник на НСА во своите две последни интервјуа жестоко демантирал дека на Кина и Русија им оддал доверливи информации, како и дека ниту една земја нема да ја добие соддржината од неговиот лаптоп. Сноуден се нема појавено во јавноста уште од неговиот лет од Хонг Конг за Москва на 23 јуни. Фактот дека тој побегна во кинескиот град и покрај неговиот американски пасош, ги поттикна медиумските шпекулации дека можеби споделил информации со кинеските разузнавачки служби во текот на неговиот едномесечен престој во Хонг Конг. Сноуден меѓутоа тврди дека ги има заштитено доверливите американски информации на неговите четири лаптопи. Сноуден, кого Вашингтон го обвини за шпионажа и побара негова екстрадиција, се уште се наоѓа на московскиот аеродром „Шереметјево“.  
Слично

Поврзани вести